Среќни Велигденски празници!

ЕКОМА Сметководство на сите христијански верници им го честита големиот верски празник Велигден, ден на воскреснувањето на Исус Христос, кое постојано ни влева надеж и верба во надминувањето на страдањата и во заздравувањето на нашите рани.
Христовото воскреснување е симбол и верба во победата на животот врз смртта, симбол и верба во добрината, моралот и човечкото достоинство. Велигден ни дарува возобновување на љубовта и надежта и верба во спознавањето на вистината за вечниот живот.
Велигденските празници нека ги исполнат нашите домови, нашите души и срца со радост, љубов, мир и слога, здравје и бериќет.
Христос Воскресе!
Вистина Воскресе!

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *